shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Вардар

Работнички ќе го пречека Вардар в четврток на арената „Филип Втори“ во 24.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 14.30 часот. Одредени се официјални лица за овој меч.

Главен судија ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Константин Влахо.

За делегат на натпреварот е одреден Жарко Стојаноски (Брвеница), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).