shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илијоски: Знаеме колку значи победа над Академија Пандев

Работнички в недела (14 часот) на арената „Филип Втори“ ќе го пречека тимот на Академија Пандев. Тоа е директен дуел за третото место на табелата, мошне значаен натпревар за составот на Жикица Тасевски. Го знае тоа добро искусниот Баже Илијоски, кој по враќањето ја носи и капитенската лента во тимот.

„Знаеме колку би ни значела победа над Академија Пандев. Тоа е еден од директните дуели за распределба на позициите кои водат во Европа. Подготвени сме на предизвикот, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Треба грешките да ги сведеме на минимум и да ја задржиме концентрацијата на максимално ниво. Го респектираме противникот, но и веруваме во своите квалитети“, вели Баже Илијоски.

Главен судија на натпреварот ќе биде Петар Мантев (Неготино), а ќе му помагаат Илија Гонев (Неготино) и Драган Трпчевски (Кавадарци). Четврти судија е Зоранчо Темелков (Кавадарци). За делегат на мечот е одреден Славчо Ѓорѓијоски (Прилеп), а контролор на судењето ќе биде Марјан Ристески (Кичево).