shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тасевски: Противниците добиваат многу подароци од нас

Работнички ремизираше (1-1) против Силекс во 20. првенствено коло од Првата лига и има биланс од два освоени бода по првите два пролетни натпревари. Нашиот тим се наоѓа на четвртата позиција со 28 освоени бода, еден повеќе од петтопласираниот Шкупи.

Тренерот Жикица Тасевски не е задоволен од изданието на тимот, потенцирајќи дека мора да се намалат грешките со кои Работнички на противниците им овозможува лесно да постигнат погодок.

„Противниците добиваат многу подароци од нас. Правиме грешки кои се недозволиви и ќе мораме да го задржиме фокусот во текот на целиот натпревар, Загубивме четири значајни бода на домашен терен во првите две кола и ќе мора тоа да го надоместиме со добри игри и резултати на наредните мечеви. Ќе работиме напорно и мора да се подобриме во периодот што следи“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.

Работнички во 21.коло ќе и гостува на Победа.