shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Жунињо Кабрал: Посакувам првиот триумф со Работнички да биде против Силекс

На Работнички му се „лизна“ победата против Ренова во судиското продолжение од натпреварот, а тимот на Жикица Тасевски посакува да се подобри на денешниот дуел против Силекс. Новото засилување Жунињо Кабрал се надева дека ќе ја почувствува првата победа со екипата, токму на денешната пресметка со кратовскиот прволигаш.

„Заслуживме победа и на претходниот натпревар. Но, не бевме доволно внимнателни во финишот и тоа беше кобно за нас, ги испуштивме бодовите. Но, верувам дека ќе се подобриме веќе на денешниот натпревар против Силекс. Работевме напорно изминативе денови, шефот на стручниот штаб ни укажа каде грешиме и се надеваме дека нема да повториме такви грешки во иднина. Работнички има квалитет и тоа ќе го покажеме“, изјави Жунињо Кабрал.

Натпреварот меѓу Работнички и Силекс ќе се одигра на арената „Филип Втори“, со почеток во 14 часот. Главен судија ќе биде Зоранчо Темелков (Кавадарци), а ќе му помагаат Злате Лозаноски (Битола) и Петар Степановски (Битола). Четврти судија е Стојанче Трпчевски (Кавадарци).