shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Зоранчо Темелков ќе го суди мечот Работнички – Силекс

Работнички в недела е домаќин на Силекс во 20.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 14 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје.  Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Мечот ќе го суди Зоранчо Темелков од Кавадарци, а ќе му помагаат Злате Лозаноски (Битола) и Петар Степановски (Битола). Четврти судија е Стојанче Трпчевски (Кавадарци).

За делегат на натпреварот е одреден Исљам Исмаили (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски од Прилеп.