shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф против Сабуртало (2-1) на првиот тест во Анталија

Работнички го совлада грузискиот прволигаш Сабуртало со 2-1 во првиот тест на зимските подготовки во Анталија. Тимот на Жикица Тасевски одигра квалитетно, иако има уште многу да се работи на воигрувањето на новите засилувања.

Сабуртало поведе со голот на Гурами Гоштелиани, кој добро се снајде по корнерот од десната страна и во продолжение од акцијата со прецизен удар откосо од десната страна постигна погодок. Но, многу брзо израмни Баже Илијоски. По една брза акција тој излезе сам пред противничкиот голман и успеа да го совлада. Уште поубав беше неговиот втор погодок, постигнат со волеј – удар од 16 метри. Работнички на полувремето имаше водство од 2-1, а во вториот дел, кога беа променети речиси комплетните тимови, немаше гол и на двете страни.

Работнички играше во следниот состав: Јанков, Силјановски, Вијачки, Димитровски, Херера, Петровиќ, Шаркоски, Кабрал, Пеев, Петковски, Илијоски. Во второто полувреме играа: Божиновски, Борха, Стојчевски, Ацковски, Дулгеров, Блажевски, Симоновски, Тодоровски, Гофри.