shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тасевски: Вниманието е насочено на воигрувањето на тимот по линии

Тимот на Работнички веќе неколку дена е во Анталија и се подготвува за пролетниот дел од првенството. Условите за работа во хотелот „Миракл“ и тренинг комплексот се одлични, а тренерот Жикица Тасевски истакнува дека вниманието е насочено на воигрување на тимот по линии, откако беа ангажирани поголем број нови фудбалери во овој зимски преоден рок.

 

„Подготовките течат со добро темпо, вниманието ни е насочено на воигрување по линии, имаме доста нови играчи на кои им треба адаптација. Меѓутоа, задоволен сум од посветеноста и ангажманот на сите, треба малку и трпение за тоа што се работи на тренинзите да почне да функционира и за време на натпреварите. Токму затоа и ќе одиграме неколку пријателски натпревари во Анталија“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.