shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Горан Силјановски во Работнички до јуни 2020 година

Горан Силјановски се врати во ФК Работнички. Тој потпиша договор до јуни 2020 година и веќе се приклучи на тимот на Жикица Тасевски на подготовките во Анталија. Искусниот десен бек повторно ќе го носи дресот на нашиот клуб, по убавите спомени во периодот од 2013 до 2017 година. Тогаш од Работнички замина во албанскиот клуб Фљамуртари и сега одлучи повторно да се врати назад.

„Среќен сум што повторно сум дел од Работнички“, вели Горан Силјановски.

Во периодот додека беше дел од нашиот клуб, Силјановски доби и повик во А-тимот на Македонија.