shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Прв тренинг во Анталија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тимот на Работнички пристигна во турскиот туристички центар Анталија и веќе го одработи првиот тренинг. Условите за работа се фантастични и веќе добро познати за нашиот клуб, кој традиционално неколку години наназад престојува во хотелот „Миракл“. Тренерот Жикица Тасевски им најави на фудбалерите дека главниот дел од подготовките ќе биде фундаментален за што е можно подобро да се пречека стартот на пролетниот дел од шампионатот.