shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тасевски: Новите засилувања ќе треба добро да ги воиграме

Работнички се засили со седум нови фудбалери во зимскиот преоден рок и тоа ќе биде мисијата на тренерот Жикица Тасевски и стручниот штаб, да ги воигра комплетно во тимот што ќе настапува во пролетниот дел од сезоната. Зимските подготовки влегуваат во втората седмица, а се работи напорно на подобрување на физичките способности, но и на воигрување на тимот.

„Работиме напорно, амбициите на клубот се јасни и се надеваме дека ќе ги исполниме во пролетниот дел од првенството. Се засиливме со неколку нови фудбалери, квалитетот е реално зголемен, но ќе треба добро да се воиграме и да вклопиме една добра целина. Затоа и напорно работиме. Следната фаза од подготовките ќе биде реализирана во турската база Анталија, каде ќе имаме тестови со меѓународни противници“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.