shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Договорени три пријателски натпревари во Анталија

Втор ден од зимските подготовки на Работнички. Фудбалскиот погон тренира со максимален интензитет, а закажани се и пријателските натпревари што тимот ќе го одигра во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките.

Работнички заминува за Анталија на 25.јануари и ќе престојува во веќе добро познатата база, хотелот „Миракл“. Тимот ќе остане во Турција до 6.февруари.

Закажани се три пријателски натпревари со меѓународни противници. На 1. февруари Работнички ќе тестира со грузискиот тим Сабуртало, ден подоцна ќе ги одмери силите со корејскиот клуб Поганг Стилерс, а на 5.февруари ќе следи натпреварот против српскиот првак и годинашен учесник во Лигата на шампионите, составот на Црвена Звезда.