shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички утре ги почнува зимските подготовки, Тасевски прозива во 13 часот

Фудбалскиот клуб Работнички утре стартува со зимските подготовки за продолжението од шампионатот во Првата лига. Тренерот Жикица Тасевски во 13 часот ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите, а потоа ќе биде одржан и првиот тренинг. Според веќе утврдениот план, првата фаза од подготовките ќе се реализира во Скопје, а главниот сегмент од подготовките ќе се одвива во турскиот туристички центар Анталија.

„Одморот заврши, од утре стартуваме со работа. Прозивката е закажана за 13 часот, по што веднаш почнуваме и со реализација на планот за тренинзи. Не очекува напорен период, но мора добро да се подготвиме за пролетните искушенија“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.

Засега официјално, во клубот се врати напаѓачот Баже Илијоски, а раководството е во преговори со уште неколку засилувања кои треба да пристигнат во Работнички во овој зимски преоден рок.