shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Освоена е Струмица, триумф (1-2) над Беласица

Работнички го оствари осмиот првенствен триумф, трет во низа, совладувајќи ја Беласица во Струмица со 1-2. По ова, нашиот тим се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 26 бода.

Работнички дојде во водство уште во четвртата минута. Петар Петковски од левата страна го проигра Себастијан Херера, кој од 14 метри беше прецизен и го совлада Никола Вујанац.

Во 25.минута, Петар Петковски се закани од слободен удар, но шутираше директно во противничкиот голман.

Беласица се обиде да стигне до израмнување, но Балдовалиев не беше прецизен пред крајот на првиот дел. А тогаш Филип Петковски зголеми на 0-2. Во 38.минута, Тодоровски нафрли од десната страна, а Филип Петковски со удар со глава го надмудри Вујанац.

Во вториот дел, Работнички рутински го приведе дуелот до крај, а нападите на Беласица придонеа за почесен погодок во судиското продолжение. Стрелец беше Ирфан Вусљанин.

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-2 (0-1)

Стадион „Младост“ во Струмица. Судија: Петар Мантев (Неготино). Стрелци: Вусљанин 91’ (Беласица), Херера 4’, Ф. Петковски 38’ (Работнички). Ж. картони: Џонов, Сулев (Беласица), Шаркоски, Стевановиќ, Херера (Работнички).

БЕЛАСИЦА: Вујанац, Ташев, Милушев, Џонов, Дробаров, Вусљанин, Вујчиќ, Д. Стојков, Калпачки (46’ Сулев), Серафимовски (68’ Горгиев), Балдовалиев.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Тодоровски, Димитровски, Борха, Херера, Пеев, Стевановиќ (88’ Митрев), Шаркоски, Бопесу (78’ Ацковски), П. Петковски (72’ Гофри), Ф. Петковски.