shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Ставрев ќе го суди мечот Вардар – Работнички

Работнички в четврток, со почеток во 13 часот, ќе му биде гостин на Вардар во градското дерби, дуел од 15.коло во Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Филип Ицковски.

За делегат на натпреварот е одреден Милорад Тренчевски (Куманово), а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев (Стојаково).