shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф (3-1) над Победа

Работнички оствари триумф (3-1) над Победа на арената „Филип Втори“, во рамките на 12.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. По оваа победа, нашиот тим се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 17 освоени бода.

Едно полувреме се испитуваа силите на дуелот во Скопје, а потоа Работнички тргна многу поотворено кон голот на Тофилоски.

Тоа донесе водство во 50.минута. Стрелец беше Николче Шаркоски, кој во 50.минута излезе сам пред Тофилоски по една длабинска топка и успеа да го совлада.

Многу голови донесе завршницата на натпреварот. Во 80.минута, Чарлс Чинеду Гофри од непосредна близина го матираше Тофилоски. Петар Петковски во 88.минута зголеми на 3-0 со прекрасен шут од слободен удар.

Победа во следниот напад постигна почесен погодок преку Чиназорм, поставувајќи го конечниот епилог, 3-1 за Работнички.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 3-1 (0-0)

Национална арена „Филип Втори“. Судија: Марјан Гоцевски. Стрелец: Шаркоски 50′, Гофри 80′, П. Петковски 88′ (Работнички), Чиназорм 89′ (Победа). Ж. картони: Стјепановиќ (Работнички), Танушев (Победа).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Тодоровски, Митрев, Борха, Херера, Стјепановиќ, Пеев, Стевановиќ (72′ Ацковски), Шаркоски (66′ Бопесу), П. Петковски, Гофри (86′ Ф. Петковски).

ПОБЕДА: Тофилоски, Тимовски, Драгарски, Крстески, Макота (63′ Исаевски), Мустафов (78′ Гешоски), Ефремов (51′ Наумоски), Маркоски, Танушев, Карчески, Чиназорм.