shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тасевски: Одигравме под можностите во Кратово

Работнички загуби од Силекс во Кратово со 2-0 во рамките на 11.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Жикица Тасевски се претстави во лошо издание и не ги заслужи бодовите. Шефот на стручниот штаб вели дека дресот на Работнички мора да се носи со многу поголема желба.

„Одигравме под можностите. Силекс беше поагресивен, истрча повеќе, домаќинот покажа дека ја посакува победата. Ние не се снајдовме добро ниту во одбраната, ниту во нападот. Овој тим може многу повеќе и треба да го прикажува тоа доколку сакаме бодови, посебно од гостувањата. Ќе ги анализираме грешките и треба да се подобриме на следниот натпревар против Победа в среда“, вели шефот на стручниот штаб на Работнички.