shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Стојановски ќе го суди мечот Работнички – Беласица

Работнички в сабота, со почеток во 15 часот, во рамките на осмото коло од Првата фудбалска лига, ќе го пречека составот на Беласица. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Марјан Стојановски од Кичево, а ќе му помагаат сограѓаните Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Александсар Грујоски.

За делегат на натпреварот е одреден Гоце Цветановски (Демир Хисар), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев (Штип).