shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Во криза сме, но ќе излеземе посилни со напорна работа

Работнички загуби со 3-0 на гостувањето против Македонија ЃП, а тоа е трет пораз во низа за составот на Ѓоре Јовановски. Шефот на стручниот штаб признава дека тимот е во криза, ја анализира целата ситуација и смета дека може да се излезе посилен само со напорна работа.

„Очигледно е дека тимот го зафати криза. Резултатите и игрите не се на посакуваното ниво, но ќе мора да излеземе посилни од сето ова. Добро е што се случува сега, кога се уште сме на почетокот на првенството, имаме време да се подобриме во сите сегменти. Ќе ја анализираме ситуацијата, и тимски, и поединечно, и не треба да паѓаме психолошки, туку да се издигнеме и да излеземе посилни со напорна работа“, вели Ѓоре Јовановски.

Работнички в сабота на домашен терен ќе ја пречека Беласица, во рамките на осмото коло од Првата фудбалска лига.