shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (3-0) од Македонија ЃП

Работнички го оствари третиот последователен пораз во шампионатот, откако загуби на гостувањето против Македонија ЃП со 3-0, во рамките на седмото коло. По ова, нашиот тим се наоѓа на петтата позиција на табелата со девет освоени бода.

Тимот на Ѓоре Јовановски одигра слаб натпревар на стадионот во Ѓорче Петров. Тоа го искористи Македонија ЃП, која стигна до убедлив триумф.

Домашниот состав поведе во седмата минута. Одлично беше проигран Филип Стојчевски, кој излезе сам пред Божиновски и ја погоди мрежата. На спротивната страна, се закани Недељковиќ но без посериозен ефект.

Во 28.минута, речиси идентична акција на Македонија ЃП, а овојпат во улога на реализатор беше Христијан Кировски.

Во второто полувреме, Македонија ЃП постигна и трет погодок преку Боби Божиновски, во 58.минута. Тоа беше и крај на надежите за позитивен резултат на Работнички на овој меч.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 3-0 (2-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 300. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелци: Стојчевски 7’, Кировски 28’, Божиновски 58’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Робсон, Кировски (Македонија ЃП).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Жуниор, Мишевски, Билали (66’ Филиповски), Нето, Пецов, Божиновски (75’ Колеќески), Тантуровски, Робсон, Стојчевски (56’ Адеми), Кировски.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Стевиќ (38’ Фазлиу), Стоименовски, Борха, Димитровски, Стјепановиќ, Пеев, Тодоровски, Бопесу, Недељковиќ (62’ Ф. Петковски), П. Петковски (66’ Станковски).