shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Петковски: Вардар е најголемиот бренд, но Работнички може до триумф

Работнички во рамките на шестото коло од домашниот шампионат, утревечер со почеток во 19 часот, ќе ги одмери силите со Вардар. Градската пресметка со „црвено-црните“ секогаш носи дополнителна возбуда, а посебен предизвик е за Петар Петковски, кој во минатото го носеше токму дресот на утрешниот ривал.

„Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, таму минав одлични мигови, но сега сум член на Работнички и максимално мотивиран го очекувам утрешниот меч. Мечевите меѓу овие два тима секогаш нудат допадлив и возбудлив фудбал, се надевам дека така ќе биде и утре, со надеж дека ние на крајот ќе се радуваме. Вардар е квалитетен тим и секако заслужува респект, но мислам дека Работнички може да стигне до триумф“, вели Петар Петковски.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Маркоски од Охрид, а ќе му помагаат Жарко Тодоровски (Охрид) и Лазе Чакарески (Струга). Четврти судија ќе биде Марјан Стојановски (Кичево).

За делегат на натпреварот е одреден Зоран Митковиќ (Куманово), а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски (Скопје).