shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јовановски: Секогаш е тешко на стартот, Ренова е квалитетен тим, но ние сакаме триумф

Почнува новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија, а на стартот Работнички ќе ја пречека Ренова на домашен терен. Мечот ќе се одигра утре, со почеток во 17 часот, на арената „Филип Втори“.

Тренерот Ѓоре Јовановски вели дека секој почеток е тежок, но очекува тимот да се претстави во квалитетно издание против Ренова.

„Секогаш е тешко на стартот, а дополнителни тешкотии за фудбалерите на двете екипи ќе направат и временските услови. Подготвени сме и верувам дека тимот ќе одговори на задачата. Ренова е квалитетен тим, тие секогаш сакаат да се надигруваат и ние ќе го прифатиме предизвикот. Играме на домашен терен и се надеваме на успех“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија ќе биде Васко Мавров (сите од Струмица). За делегат на натпреварот е одреден Кочо Зердески (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).