shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јовановски: Освежени и со нови сили, се подготвуваме за новата сезона

Работнички не успеа да го елиминира Хонвед и да го продолжи патот во квалификациите за Лигата на Европа, а по неколку дена пауза, тимот е повторно на собир и се подготвува за стартот на новата фудбалска сезона на домашна сцена. Тренерот Ѓоре Јовановски вели дека грешките што се појавија при поразот (4-0) од Хонвед во Будимпешта ќе бидат модел за да укажува како не треба да се прави во иднина.

„Имавме навистина лошо издание против Хонвед во Будимпешта. Направивме грешки и самите се елиминиравме. Сега е тоа веќе зад нас, фокусирани сме на тоа што претстои, но токму преку анализата на тие грешки сакаме да не дозволиме истите да ни се повторат во наредниот период. Ќе одиграме пријателски натпревари и ќе се подготвуваме за стартот на првенството во Македонија. Фудбалерите се освежија, и сега со нови сили кон нови победи“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.