shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Дојдовме да постигнеме гол, сакаме да го елиминираме Хонвед

Работнички дојде во Будимпешта да постигне најмалку еден погодок и да се обиде да го елиминира унгарскиот претставник Хонвед, во реванш мечот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа. На денешната прес – конференција, шефот на стручниот штаб Ѓоре Јовановски истакна дека нашиот тим нема намера да го брани резултатот (2-1) од Скопје и дека ќе игра офанзивно, со намера да ја затресе противничката мрежа.

„Го респектираме Хонвед максимално, но и веруваме во сопствените квалитети. Дојдовме да се надигруваме, немаме намера да се браниме, туку ќе играме со девизата да постигнеме најмалку еден гол. Доколку успееме во тоа, ќе бидеме поблиску до реализација на нашата цел, пласман во следната фаза од натпреварувањето“, изјави Ѓоре Јовановски.

На прес – конференцијата беше присутен и капитенот Остоја Стјепановиќ.

Натпреварот меѓу Хонвед и Работнички ќе се игра утре, со почеток во 18 часот, на стадионот „Јожеф Божик“ во Будимпешта.