shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пуштени во продажба билетите за мечот со Хонвед

Билетите за натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа против унгарски Хонвед ќе бидат пуштени во продажба денеска од 12 часот.

Билетите за првиот европски натпревар на Работнички во новата сезона ќе се продаваат преку продажната мрежа на МК Тикетс, а на самиот ден на натпреварот и на билетарницата во рамките на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Првиот натпревар од стартното квалификациско коло меѓу Работнички и Хонвед се игра на 11. јули со почетокот од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките „Куќа на фудбалот“ на ФФМ. Билетите за европскиот натпревар на „романтичарите“ се по цена од 200 денари.