shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Луфтетари на тренинг меч во Терме Чатеж

Работнички доживеа пораз (1-3) од албанскиот тим Луфтетари на тренинг натпреварот што денеска се одигра во Терме Чатеж. Двете екипи се договорија да одиграат тест – натпревар наместо тренинг, а албанскиот тим на крајот беше поуспешен. На полувремето противникот имаше водство од 1-2, а стрелец за нашиот тим беше Филип Петковски.

Во вториот дел, Чарлс Гофри не успеа да реализира пенал, а Луфтетари постигна трет погодок и го потврди триумфот на овој тренинг меч.