shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК Работнички беше дел од едукацијата за УЕФА сертификат за фудбалски менаџмент

Фудбалскиот клуб Работнички, преку својот генерален секретар Ненад Монев, беше дел од првото Македонско издание на УЕФА Сертификатот за фудбалски менаџмент (UEFA, CFM – Certificate of Football Management). Учесниците на курсот беа вработени од Фудбалската Федерација на Македонија, претставници на клубска администрација од Македонската Прва Фудбалска Лига, како и меѓународни учесници, вработени во фудбалските федерации од регионот.

Под покровителство на УЕФА со пренос на знаења од врвни УЕФА експерти во различни полиња, а во соработка со IDHEAP – Институт за високо образование за Јавна Администрација при Универзитетот од Лозана, Швајцарија Фудбалската федерација на Македонија беше домаќин на оваа деветмесечна обука за професионалци од областа на фудбалската администрација, кои низ три семинари, шест онлајн модули и устмен испит се стекнаа со сертификат кој ќе придонесе кон поголема професионалност во нивната секојдневна работа, а во правец на унапредување и развој на фудбалската игра.

„CFM за мене и ФК Работнички – Скопје претставуваше големо искуство и одлична можност да се бидe дел од најсовремената едукативна прогама на една организација каква што е УЕФА. Знаењето и искуството на најреномираните професори од универзитетот во Лозана и УЕФА преставниците, беше од огромно значење за мојата понатамошна кариера и пред се можноста да се стекнам со одредени знаења кои се неопходни да се имплементираат за успешно работење на ФК Работнички во иднина. Покрај едукативниот и испитниот дел, од големо значење е и 9 месечната дружба со моите драги колеги од другите клубови, ФФМ, како и колегите од Грција, Бугарија и Косово. Воедно би сакал да се заблагодарам на ФФМ, за укажаната можност јас и ФК Работнички да бидеме дел од оваа едукативна програма на УЕФА. Се надевам дека сите заедно ќе допринесеме, во иднина, за уште поголем развој на македонскиот фудбал”, изјави Ненад Монев.