shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Сараево на вториот тест во Словенија

Работнички загуби и на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Словенија, овој пат од босанскиот прволигаш Сараево со 1-2 (0-1).

Нашиот тим беше далеку подобар противник на теренот од Сараево, но не успеа да реализира неколку одлични можности за разлика од Босанците кои казнија од единствените две поизгледни шанси.

Стрелец на единствениот гол за Работнички на натпреварот беше Петар Петковски во 86. минута. Претходно, Сараево поведе со голот на Аладин Шишиќ во 23. минута, а на 0-2 зголеми Рахмановиќ во 75. минута.

Следниот пријателски натпревар за составот на Ѓоре Јовановски е на 28. јуни против словенечкиот прволигаш Триглав.