shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (4-0) од Динамо Загреб на пријателскиот меч на „Хитрец“

Работнички доживеа пораз (4-0) од хрватскиот првак Динамо Загреб на денешниот пријателски натпревар, што се одигра на стадионот „Хитрец“ во Загреб, блиску до „Максимир“. Во составот на „модрите“ не настапи македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, но тренерот Ненад Бјелица им даде шанса на најдобрите свои фудбалери.

Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски, им даде минутажа на сите расположливи сили.

Динамо Загреб беше поквалитетен тим на овој пријателски меч. Марио Шитум во 15.минута го постигна првиот гол за хрватскиот тим по пчроигрувањето од Олмо од левата страна. Во 28.минута, истиот тандем уште еднаш одлично реагираше, а Шитум повторно ја затресе мрежата на Божиновски.

Пред самиот истек на првиот дел, во 43.минута, Дино Периќ постигна трет погодок за Динамо Загреб. На почетокот од второто полувреме, Антонио Марин во 48.минута зголеми на 4-0, што на крајот беше и конечен епилог на мечот.

ДИНАМО ЗАГРЕБ – РАБОТНИЧКИ 4-0 (3-0)

Терен „Хитрец“ во Загреб. Гледачи: 1.000. Стрелци: Шитум 15′, 28′, Периќ 43′, Марин 48′ (Динамо Загреб).

ДИНАМО ЗАГРЕБ: Загорац, Стојановиќ, Рахмани, Периќ, Леовац, Шуњиќ, Шитум, Фиолиќ, Олмо, Оршиќ, Хоџиќ. Уште играа: Шемпер, Рахмани, Лешковиќ, Дилавер, Јецјак, Кнежевиќ, Марин, хајровиќ, Гојак, Менало, Будимир.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Стевиќ, Климако Пинто, Бопесу, Борха, Херера, Пеев, Стјепановиќ, П. Петковски, Стефановиќ, Џофри. Уште играа: Јанков, Најдовски, Митрев, Садики, Шаркоски, Пеев, Колески, Петровски, Ацкоски, Додевски, Ф. Петковски, Станковски.