shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ќе тестира со Динамо Загреб, Сараево, Триглав и Домжале

Експедицијата на ФК Работнички веќе втор ден е во базата Терме Чатеж во Словенија одработувајќи ја втората фаза од летните подготовки. Во овој период фокусот ќе биде ставен и на одигрување пријателски натпревари. Закажани се четири тестови со квалитетни ривали.

На 23 јуни Работнички ќе одигра пријателски натпревар со хрватскиот шампион Динамо Загреб, два дена подоцна ќе следи со босанскиот клуб Сараево. На 28 јуни ривал ќе биде словенечкиот прволигаш Триглав, а серијата тестови во Словенија ќе заврши со Домжале.

Работнички на 1 јули се враќа во Македонија и ќе продолжи да се подготвува на домашно тло за дуелите против унгарскиот Хонвед, во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.