shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Габала или Прогрес Нидеркорн, можен противник на Работнички во второто коло од ЛЕ

Габала од Азербејџан или Прогрес Нидеркорн, претставник на Луксембург, ќе биде можниот противник на Работнички во второто коло од квалификациите во Лигата на Европа. Се разбира, претходно нашиот клуб ќе треба да ја елиминира првата пречка, унгарскиот клуб Хонвед, за да се избори за пласман во втората рунда од ова европско натпреварување.

Натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа ќе се играат на 26.јули и на 2.август. Според ждребот, Работнички би бил домаќин во реваншот.