shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Унгарскиот Хонвед, прв ривал на Работнички во Лигата на Европа

Унгарскиот тим Хонвед е ривалот на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Хонвед е најславниот унгарски клуб, формиран на 3 август далечната 1909 година, а во неговите славни денови во својот тим ги имаше Ференц Пушкаш, Шандор Кочиш, Јожеф Божик…

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија.