shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Славија Софија утре ќе го тестира Работнички во Банско

Тимот на Работнички утре, во 17 часот по македонско време, во Банско (Бугарија) ќе ја има првата контрола на формата во текот на летните подготовки. Ривал ќе биде бугарскиот прволигаш Славија Софија, а експедицијата на Работнички денеска замина за Бугарија.

Тренерот Ѓоре Јовановски најавува дека на првиот пријателски натпревар подеднаква минутажа ќе добијат сите фудбалери.

„Ќе имаме одлична проверка против Славија Софија во Бугарија. Тоа е квалитетен тим, а токму такви тестови ни се потребни за воигрување пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа. На стартот од пријателските мечеви, сите фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа и шанса да се наметнат за место во тимот“, истакнува шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.