shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Остоја Стјепановиќ уште една година во Работнички

Искусниот играч за врска Остоја Стјепановиќ го продолжи договорот со Работнички за уште година. Тој и во претстојната сезона ќе го носи дресот на нашиот клуб. Стјепановиќ ја прифати понудата на раководството за продолжување на соработката.

„Со задоволство можеме да објавиме дека ја продолживме соработката со Остоја Стјепановиќ. Тој и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Се работи за искусен фудбалер, кој и минатата сезона беше еден од носителите на играта“, изјави спортскиот директор, Иван Поповски.