shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Работнички секогаш е голем предизвик, брзо се договоривме со раководството

Ѓоре Јовановски и следната сезона ќе остане на клупата на ФК Работнички, откако со одличен финиш успеа да го одведе тимот во квалификациите за Лигата на Европа. Тој се договори со раководството на клубот за нова едногодишна соработка, со опција за продолжување на уште една дополнителна година. Вели дека брзо успеал да најде заеднички јазик со претседателот Драган Поповски, а работата во Работнички за него секогаш претставува посебен предизвик.

„Брзо успеавме да се договориме со претседателот Драган Поповски за продолжување на соработката. Работнички е клуб со јасна визија, и со конкретни амбиции, и токму затоа секогаш и претставува посебен предизвик да се работи со овој тим. Во наредните денови раководството на клубот ќе го дефинира тимот за следната сезона, ќе се обидеме да создадеме квалитетен ростер, и од 11 јуни почнуваме со тренинзи. Седум дена ќе работиме во Скопје, а потоа ќе заминеме во Терме Чатеж во Словенија, каде ќе биде реализирана втората фаза од подготовките. По ова, се враќаме повторно во Скопје и ќе не очекуваат настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Треба добро да се подготвиме за европскиот предизвик“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.