shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Стојанче Стојанов ќе го суди мечот Работнички – Скопје

Работнички в недела, со почеток во 16.15 часот, ќе го пречека тимот на Скопје на националната арена „Филип Втори“, во рамките на последното 36.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Стојанче Стојанов (Штип), а ќе му помагаат Горан Манасиев (Велес) и Кире Ангеловски (Струмица). Четврти судија на мечот ќе биде Крумислав Ѓоргиев (Штип).

За делегат на натпреварот е одреден Славчо Ѓорѓијоски (Прилеп), а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски (Скопје).