shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јовановски: Сите се свесни колку ни е значаен утрешниот меч во Кратово

Работнички утре (16.15 часот) ќе гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс, директниот ривал за третата позиција на табелата која носи сигурен излез на европска сцена. По триумфот против Академија Пандев во минатото коло, сега Работнички има два бода предност пред кратовскиот прволигаш во пресрет на утрешното претпоследно коло. Токму затоа, од круцијално значење е утрешната пресметка.

„Сите во клубот сме свесни од какво значење е утрешниот натпревар во Кратово. Преостануваат завршните два испити и мораме да ги положиме. Фокусирани сме максимално на утрешниот предизвик, Силекс е квалитетен тим и ќе треба да одиграме на врвно ниво, за да ја оствариме нашата цел. Верувам во фудбалерите, тие и досега докажаа дека знаат да одиграат најдобро кога е најпотребно иако на своите плеќи имаат голем притисок. Но, Работнички сака да ја оствари својата цел и сите планови се подредени на нејзино остварување“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.

Натпреварот меѓу Силекс и Работнички ќе го суди Марјан Маркоски од Охрид.