shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Маркоски ќе го суди мечот Силекс – Работнички

Работнички в среда, со почеток во 16.15 часот ќе му гостува на Силекс во Кратово, во рамките на претпоследното, 35.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Мечот ќе го суди Марјан Маркоски (Охрид), а ќе му помагаат Симон Грданоски (Струга) и Лазе Чакарески (Струга). Четврти судија на натпреварот е Јован Качески (Струга).

За делегат на натпреварот е одреден Сашко Тасев (Кавадарци), а контролор на судењето ќе биде Драге Стојановски (Куманово).