shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Освежување пред пеколниот фото-финиш

Работнички ја совлада Победа со 4-2 во рамките на 33.коло во Првата фудбалска лига и се доближи само на бод негатива во трката за третата позиција на табелата која гарантира излез на европска сцена. Но, допрва ќе следи пеколниот фото-финиш, како што вели тренерот Ѓоре Јовановски. Анализиран е настапот на последниот дуел, но и веќе фокусот е ставен на следното гостување кај Академија Пандев.

„Одигравме квалитетен натпревар против Победа, навистина мора да им се честита на фудбалерите за залагањето и за борбата. Нашата цел е јасна, чекориме кон неа, но токму сега следи најважното, што би рекол, пеколниот фото-финиш. Имавме мало освежување по напорите во неделата, а сега продолжуваме со подготовки за следниот меч против Академија Пандев. Мораме да останеме максимално фокусирани и да одиграме најдобро што знаеме“, изјави Ѓоре Јовановски.