shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Значаен триумф над Победа (4-2)

Работнички оствари значаен триумф (4-2) над Победа во рамките на 33.коло од Првата фудбалска лига. По овој триумф, нашиот тим се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 45 бода, еден помалку од третопласираниот Силекс.

Работнички поведе уште во третата минута. Кировски беше соборен во шеснаесетникот, а Виктор Ангелов успеа да го реализира пеналот. Само три минути подоцна, Христијан Кировски постигна погодок за водство од 2-0.

Победа не се предаде така лесно, па Алтин Лога во 29.минута намали на 2-1. До крајот на првиот дел, немаше погодоци, а по одморот повторно продолжи голедата.

Победа тргна по израмнување, Даноски имаше одлична шанса во 46.минута, но не успеа да погоди откако излезе сам пред Ристо Јанков.

Во 59.минута, Кире Маркоски успеа да постигне трет погодок за Работнички, но само една минута подоцна Даноски возврати на спротивната страна. Повторно беше неизвесно, се до 85.минута, кога повторно Кире Маркоски беше најприсебен и погоди за 4-2.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 4-2 (2-1)

Арена „Филип Втори“. Судија: Петар Мантев (Неготино). Стрелци: Ангелов 3’ пен., Кировски 6’, Маркоски 59’, 85’ (Работнички), Лога 29’, Даноски 60’ (Победа). Ж. картони: Карчески, Најдовски (Победа).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Митрев (73’ Крмар), Најдовски, Херера (66’ Красниќи), Трајчевски, Стјепановиќ, Шаркоски, Серџо јуниор, Ангелов, Маркоски, Кировски (78’ Дурански).

ПОБЕДА: Тофилоски, Јаќимовиќ, Исаевски (62’ Гешоски), Најдовски, Спиркоски (81’ Ацески), Велкоски, Трајкоски, Карчески, Лога (87’ Лукас), Наумоски, Даноски.