shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Игор Стојчевски ќе го суди мечот Шкендија – Работнички

Работнички утре (16 часот) ќе гостува на Градскиот стадион во Тетово и ќе ги одмери силите со Шкендија во рамките на 32.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Даниел Василевски (Скопје) и Петар Новачев (Велес). Четврти судија на натпреварот е Зоранчо Темелков (Кавадарци).

За делегат на натпреварот е одреден Зоран Јовановиќ (Валандово), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев (Штип).