shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Самите сме си виновни за поразот од Ренова

Работнички доживеа пораз (2-1) од Ренова на гостувањето во Тетово, откако прими гол во судиското продолжение од натпреварот. По двете победи, ова е прв пораз за тимот под раководство на тренерот Ѓоре Јовановски. Тој смета дека Работнички загуби по сопствени грешки, кои ќе бидат анализирани за да не се повторат на следните мечеви.

„Пред се сакам да им ја честитам победата на фудбалерите и стручниот штаб на Ренова. Мора да нагласам дека имавме одличен прием, и фер и коректна игра на теренот. За поразот, самите сме си виновни. Јас како тренер ја преземам вината. Направивме грешки кои не смеевме да ги дозволиме. Сега сето тоа ќе го анализираме за да не се повторат истите грешки на следните мечеви. Велат дека од еден пораз можеш многу повеќе да научиш, отколку од десет победи. Одиме понатаму, веќе сме фокусирани на следниот првенствен натпревар против Пелистер“, вели шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски.