shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јован Качевски ќе го суди мечот Ренова – Работнички

Работнички в среда (18.04.2018 година), со почеток во 16 часот, ќе биде гостин на Ренова во Тетово, во рамките на 28.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Јован Качевски (Струга), а ќе му помагаат Куштрим Лика (Кичево) и Разме Бакрачески (Струга). Четврти судија на натпреварот е Александар Грујоски (Кичево).

За делегат е одреден Јовче Попоски (Охрид), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Костенчев (Скопје).