shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ѓоре Јовановски: Задоволство е повторното враќање во Работнички

Новоназначениот шеф на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски денеска го имаше првиот свој собир со црвениот тим. Повторно, по третпат во својата тренерска кариера искусниот стратег се враќа во клубот во кој имаше извонредни успеси како негов предводник од 2003 до 2007 година…

„Да, се враќам во добро позната средина. За мене е огромно задоволството што сум повторно дел од тимот во кој минав прекрасни денови во минатото. Може да кажам дека одлично го познавам и актуелниот состав на тимот во кој има навистина квалитетни фудбалери. Знам и дека е добро работено од страна на мојот претходник па затоа нема да донесам некои радикални промени, но ќе се обидам пред се на психолошки план да донесам некоја свежина меѓу играчите во надеж дека ќе постигнеме наредниот период добри резултати“ – е првата изјава на Јовановски по преземањето на кормилото на клубот.

Првиот натпревар за новиот тренер ќе биде во сабота против Силекс…

„Не чека многу важен натпревар против Силекс, на кој секако сакаме да ги потврдиме амбициите на клубот за највисок пласман сезонава и продолжување на борбата за европски излез“ – вели Ѓоре Јовановски.