shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Свесни сме за огромното значење на дуелот со Академија Пандев

Работнички в недела, со почеток во 15 часот, ќе биде домаќин на тимот на Академија Пандев, а мечот ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Тренерот Горан Станковски и фудбалерите имаа доволно време за анализа на грешките од претходните два првенствени порази. Со направените корекции и со огромна желба и мотиви да се оствари триумф, го очекуваат неделниот дуел против Академија Пандев.

„Свесни сме за огромното значење на дуелот против Академија Пандев и ќе сториме се за да се вратиме на победнички патеки. Ги анализиравме игрите на претходните натпревари, укажани се грешките и ќе треба да се подобриме во периодот што следи. Претстојниот натпревар, како и сите останати до крајот, се од круцијално бодовоно значење за нас, доколку сакаме да бидеме во трка за излез на европската сцена. Ќе мора да одиграме многу подобро, а убеден сум дека тимот има капацитет за тоа“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски.