shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Одложено комплетното 25. коло: Против Академија Пандев в недела од 15 часот

Поради настап на повеќе фудбалери од домашното првенство за повеќе национални селекции Комесарот за натпревари на ФФМ одлучи комплетното 25. коло кое првично беше закажано за во четврток (29. март) да биде одложено за в недела (1. април).

Па Работнички, својот натпревар од 25. коло, Академија Пандев ќе го игра в недела од 15 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките на Комплексот Куќа на фудбалот на ФФМ.

Со тоа, 26. коло од ПМФЛ и натпреварот против Силекс на домашен терен е одложен за 7. април од 16 часот.