shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (2-0) во Струмица од Победа

Работнички доживеа пораз (2-0) од Победа на натпреварот кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, во рамките на 24.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Стрелци на головите за прилепскиот прволигаш беа Алтин Лога и Филип Најдовски во финишот на натпреварот.

Работнички подобро го започна дуелот, имаше повеќе од играта, а од 21.минута имаше и играч повеќе на теренот по исклучувањето на Благоја Гешоски. Напаѓачот на Победа со лакот го удри Дурански во лицето во воздушен дуел, па судијата Јосип Бартон му додели црвен картон. Но, Работнички и покрај неколку обиди од далечина на Ангелов и на Дурански, не успеа да стигне до водство во првиот дел. Победа имаше убава шанса во 36.минута, но Лукас Силва шутираше крај голот.

Во второто полувреме, исклучување и во таборот на Работнички. Во 62.минута, Себастијан Херера доби втор жолт картон и мораше да ја напушти играта. И покрај тоа, Работнички имаше поголем посед на топката, играше поактивно, но тоа не го материјализира.

Во завршницата, нововлезениот Алтин Лога упати шут од 20 метри во 82.минута и успеа да ја затресе мрежата на Божиновски. По ова, Асани во 85.минута шутираше силно под гредата, но Тофилоски одлично одбрани. Во последните моменти од дуелот, Филип Најдовски украде топка на средината на теренот, излезе сам пред Даниел Божиновски и го постави конечниот резултат на мечот, 2-0 за Победа.

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 2-0 (0-0)

Стадион „Младост“ во Струмица. Судија: Јосип Бартон. Стрелци: Лога 82’, Најдовски 90’ (Победа). Ж. картони: Ивановиќ, Најдовски, Даноски (Победа), Херера, Рашо (Работнички). Ц. картони: Гешоски (Победа), Херера (Работнички).

ПОБЕДА: Тофилоски, Јаќимовиќ, Даноски, Крстески, Карчески (34’ Исаевски), Најдовски, Велкоски, Трајкоски (75’ Лога), Даноски, Лукас Силва (46’ Ивановиќ), Гешоски.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Рашо, Митрев, Красниќи (46’ Кировски), Херера, Стјепановиќ, Дурански, Петковски (79’ Велинов), Маркоски, Ангелов, Серџо јуниор (67’ Асани).