shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јосип Бартон ќе го суди мечот Победа – Работнички во Струмица

Работнички утре ќе и гостува на Победа во рамките на 24.коло од Првата фудбалска лига, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, со почеток во 14 часот. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Јосип Бартон (Скопје), а ќе му помагаат Никола Божиновски (Скопје) и Дејан Димитријевиќ (Скопје). Четврти судија ќе биде Никола Костенчев (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Митко Локоски од Охрид, а контролор на судењето ќе биде Ѓорѓе Гоцевски од Струмица.