shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички одигра пријателски меч со Македонија (У21) и победи со 2-0

Работнички денеска одигра пријателски натпревар со фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, и победи со 2-0. Мечот се одигра на комплексот „Петар Милошевски“, а тренерот Горан Станковски им даде шанса за настап на поголем број фудбалери.

По првиот дел, Работнички имаше водство со 1-0, со погодокот на Бујамин Асани, а во второто полувреме и Виктор Ангелов се запиша во листата на стрелците.

Работнички на овој натпревар настапи со следниот состав: Божиновски, Крмар, Митрев, Најдовски, Асани, Шаркоски, Петковски, Велинов, Миовски, Станковски, Гофри. Уште играа: Красниќи, Лазаревски, Стјепановиќ, Маркоски, Херера, Дурански, Ангелов, Рашо.