shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Станковски: Испуштивме триумф против Шкупи, но одиме понатаму

Работнички беше на прагот на победа на вчерашниот првенствен натпревар против Шкупи, имаше водство од 0-1 до самата завршница, но прими погодок во 90.минута од средбата за конечни 1-1. Со таквиот развој на настаните секако не може да биде задоволен тренерот Горан Станковски, но од друга страна нема замерки на играта и залагањето на своите фудбалери.

„Можеме да жалиме, во самиот финиш го испуштивме водството против Шкупи. Но, одиме понатаму, не можам да не бидам задоволен од изданието на тимот. На тешкиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ сите фудбалери го дадоа својот максимум против еден квалитетен противник како Шкупи. Ќе продолжиме во ист стил и на наредните натпревари, затоа што верувам во квалитетите на нашиот состав“, вели Станковски.