shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ангелов: Да ја повториме играта против Вардар и ќе славиме и против Шкупи

Работнички оствари победа (2-1) на дербито против Вардар во минатото коло, а напаѓачот Виктор Ангелов во својот прв натпревар успеа да се запише во листата на стрелците. Во претстојното 22.коло нашиот тим го очекува гостување против Шкупи, а Ангелов верува во нов успех.

„Одигравме одличен натпревар против Вардар и ја забележавме првата пролетна победа. Сега размислуваме позитивно и за следниот дуел против Шкупи и мислам дека можеме да славиме, доколку повториме едно такво квалитетно издание какво што прикажавме против Вардар. Ќе биде тежок натпревар, можеби и временските услови и теренот ќе создадат и дополнителни тешкотии, но ние сме подготвени и максимално мотивирани за да оствариме нов позитивен резултат“, вели Виктор Ангелов.